Летни температури низ Македонија, од четврток можно локално невреме

Veles juni 16

Пред нас се неколку претежно топли денови со сончеви периоди и пријатни температури кои на места ќе достигнат и до 32 степени.

Zito baner

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можно е локално краткотрајно освежување со пороен дожд и грмежи.

Agria

Во текот на следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, додека попладне на повеќе места ќе има услови за краткотраен дожд и локална нестабилност.

Според најавите, најизразена нестабилност се очекува во четврток, кога локално се можни пообилни врнежи, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите препорачуваат внимателност поради можноста за краткотрајно невреме и појава на град во одделни делови од земјата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: