Велешанец на 40-годишна возраст кршел инвентар и се заканувал на медицнскиот персонал во здравствена установа

Mаж од Велес на 40- годишна возраст  предизвикал инцидент во здравствена установа во скопската општина Карпош, каде што агресивно се однесувал, се заканувал на медицинскиот персонал, а при тоа го оштетил и инвентарот.

Како што информира полицијата, настанот се случил доцна вечерта на 9 март, околу 22:50 часот. Велешанецот Б.Ш. (40) од Велес, почнал да се однесува агресивно кон вработените во установата, по што почнал да крши дел од опремата.

Agria

40 годишниот маж  се обидел и да побегне од установата, но набргу бил пронајден од полициски службеници и истиот е задржан.

Случајот бил пријавен во полицијата следниот ден, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: