Велешката библиотека го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право

По повод Светски ден на книгата и авторското право, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес реализираше содржајна и инспиративна средба со ученици и членови, во друштво на Огнен Неделковски и Соња Алексоска-Неделковска.

Во пријатна и отворена атмосфера се разговараше за значењето на авторското право, но и за предизвиците и посветеноста на патот кон успехот во културата и новинарството. Преку дијалог се отворија бројни теми кои го задржаа вниманието на присутните, поттикнувајќи интересни размислувања и прашања.

Agria

Посебен акцент беше ставен на богатото и сестрано творештво на Огнен Неделковски, како и на новинарската работа и искуство на Соња Алексоска-Неделковска, кои од прва рака ги споделија своите приказни и предизвици.

Средбата доби и емотивна нота со сеќавањата на Тоше Проески, при што се најави и филм посветен на неговиот живот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: