Верата над стравот, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со силна велигденска порака за љубов, надеж и одговорност

Vladika Agatangel

Со длабока духовна порака исполнета со надеж, љубов и повик за будење на совеста, г. Агатангел упати велигденско послание до верниците, нагласувајќи дека Воскресението Христово е темелот на животот, верата и спасението на човекот. Во своето обраќање, митрополитот истакнува дека Воскресението на Христос е најсилната потврда за Божјата љубов кон човекот, но и извор на секоја радост, надеж и духовна сила. Тој потенцира дека преку Христовото воскресение се победени смртта и стравот, а на човештвото му е даруван патот кон вечниот живот.

„Христос воскресна и ги скина сите ланци на ропството, нè избави од канџите на смртта и ни го отвори патот кон слободата и вечноста“, порачува митрополитот, додавајќи дека смртта повеќе не е крај, туку премин кон нов живот.

Agria

Во посланието се нагласува и важноста на личната духовна преобразба. Верниците се повикуваат најпрво да започнат од себе, од своите мисли, дела и срце, за да можат да придонесат за подобро општество. Според митрополитот, вистинската промена започнува од внатрешноста на човекот. Особено внимание г. Агатангел посветува на состојбата во современиот свет, предупредувајќи дека се почесто злото се прикажува како добро, а неправдата како прифатлива. Тој остро ги осудува омразата, егоизмот и поделбите, нагласувајќи дека тие водат кон духовна пропаст.

„Не смееме да бидеме неми сведоци на неправдите. Секој од нас носи одговорност – и за својата душа, и за светот што ни е доверен“, се вели во пораката.

Митрополитот упати и силен апел до македонскиот народ да ја зачува верата, заедништвото и љубовта, нагласувајќи дека Македонија може да напредува само преку духовно обновување и меѓусебно почитување. Во духот на празникот, тој повика на љубов, воспитување на младите во вистина и добрина, како и на градење општество засновано врз христијанските вредности.

На крајот од своето послание, г. Агатангел им го честита празникот на сите верници со порака Велигденската радост да стане дел од секојдневието, а љубовта и светлината на Христовото Воскресение никогаш да не згаснат во нивните срца.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: