ВИДЕО: Малолетници дивееле со автомобил во Велес, 11-годишник зад волан, возеле и до 130 км/ч

Сериозен инцидент со малолетници зад волан повторно ја вознемири јавноста во Велес. Читател на редакцијата испрати видео на кое, како што тврди, се гледа како група деца се возат во автомобил, при што возач е дете на само 11 години.

Според информациите што ги сподели, детето претходно било фатено од полиција, но повторно му било дозволено да управува со возило. Во видеото, кое кружи и на социјалните мрежи, се тврди дека автомобилот се движел со брзина и до 130 километри на час.

Agria

Дополнително загрижува фактот што во возилото, според сведочењето, имало околу 10 деца на возраст од 10 до 14 години, што претставува сериозен ризик по нивната безбедност, но и по безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

„Ова веќе станува страшно. Се снимаат и се објавуваат на ТикТок. Треба да се преземе нешто пред да се случи трагедија“, вели читателот кој го испрати видеото.

Одговорноста во вакви случаи не е само кај малолетниците, туку и кај родителите и институциите, кои треба да спречат вакви опасни ситуации. Јавноста очекува реакција од надлежните служби и засилени контроли, со цел да се спречат вакви појави и да се заштити безбедноста на граѓаните.

Лицето на малолетникот е заматено во објавеното видео, но редакцијата ја поседува оригиналната снимка.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: