Возач со 1,52 промили алкохол во крвта излетал од коловозот на регионалниот пат Велес–Чашка, по што бил лишен од слобода од страна на полицијата.
Настанот се случил на 22 март 2026 година околу 03:00 часот, во близина на крстосницата за село Војница, општина Чашка.
Како што информираат од СВР Велес, 25-годишно лице од село Согле, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, излетало надвор од коловозот.
По преземени мерки и извршени проверки, било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта,
а по насоки од јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
















