На 11 април 2026 година околу 20:30 часот, на регионалниот пат Велес–Извор, полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода 43-годишен жител на Скопје со иницијали Р.А.
При редовна сообраќајна контрола кај местото викано „Долги Рид“, во општина Чашка, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од приведениот. По преземени мерки и проверки, полицијата утврдила дека тој управувал возило иако имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















