Возел 126 км/ч на место каде е дозволено 50 – приведен охриѓанец на патот Штип–Велес

Radar Policija avtopat

На 26 април 2026 година во 17:00 часот, на регионалниот пат Штип–Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 37-годишен жител на Охрид.

При сообраќајна контрола извршена со радар, било утврдено дека лицето управувало патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки со брзина од дури 126 километри на час, на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 50 километри на час.

Agria

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: