Градинката „Димче Мирчев“ доби модерна сензорна соба

По повод патрониот празник, во Објект 6 на детската градинка „Димче Мирчев“ денеска свечено беше пуштена во употреба нова сензорна соба – инвестиција што значително ќе го унапреди развојот и грижата за децата.

Сензорната соба е опремена со современи сензорни, светлечки и тактилни реквизити и помагала, кои имаат за цел да го поттикнат развојот на моториката, координацијата и физичките способности кај најмладите. Просторот е внимателно дизајниран за да создаде стимулативна и безбедна средина, во која децата ќе можат да учат и напредуваат преку игра и интеракција.

Agria

Дополнително, градинката „Димче Мирчев“ се издвојува како прва во Македонија што располага со Voice Toys – иновативна платформа за сензомоторичка стимулација, која го поттикнува развојот на гласот, говорот и слухот кај децата.

Новата сензорна соба ќе има особено значење за реализација на специјализирани третмани за децата на кои им е потребна дополнителна поддршка, отворајќи нови можности за нивен напредок и интеграција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: