Двајца возачи приведени во Велес, еден без дозвола, друг со забрана управувал и бегал од полиција

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата во Велес привела двајца возачи поради тешки сообраќајни прекршоци, откако при контроли било утврдено дека управувале возила спротивно на законските прописи.

На 14.03.2026 во 00:15 часот, на улица „Костурска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(39) од село Нежилово, општина Чашка. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што било утврдено дека вози без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, возилото било привремено одземено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Agria

Претходно, на 13.03.2026 во 17:40 часот, на улица „Димко Најдов“ во Велес, бил приведен и К.К.(60) од Велес. При радарска контрола, полициските службеници му дале знак за запирање на патничко возило „форд“, но возачот не застанал. По кратко преземање мерки, возилото било сопрено, при што било констатирано дека тој управувал со возило и покрај тоа што имал изречена заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

И во овој случај, по насоки од јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, возилото било привремено одземено, а против него ќе следува соодветна пријава по целосно документирање на настанот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: