„Другата страна“ на Црногорско народно позориште ја освои Гран при наградата на театрскиот фестивал „5РЕ“

Со доделување на наградите и изведбата на завршната претстава, вечерва беше спуштена завесата на петтото јубилејно издание на фестивалот посветен на Петре Прличко, кој и годинава донесе квалитетна театарска програма и силни емоции кај публиката.

Највисокото фестивалско признание – Гран при – го освои претставата „Другата страна“ на Црногорско народно позориште – Подгорица, , која се издвои со својата сценска изведба и моќна порака, оставајќи најсилен впечаток во конкуренцијата. Наградите за најдобри споредни улоги им припаднаа на Тања Кочовска и Сашо Тасевски, додека за најдобри главни улоги беа прогласени Јована Спасиќ и Александар Радуловиќ. Признанието за најдобра режија замина кај Борис Лијешевиќ.

Agria

Публиката, пак, го избра својот фаворит – претставата „Аматери“, која ја понесе наградата за избор на гледачите, потврдувајќи ја силната врска меѓу сцената и гледалиштето. За наградите на 5. издание на Театарскиот фестивал „5РЕ“ одлучуваше жири-комисијата во состав: Зорица Панчиќ, Владимир Тулиев и Елеонора Теова.

Фестивалот беше заокружен со монодрамата „Сите најубави нешта“ во изведба на маестралниот Игор Ангелов, која достојно го означи крајот на ова јубилејно издание.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: