Во Велес вчера била пронајдена експлозивна направа на улицата „Милан Војницалија“, што предизвикало брза реакција на надлежните служби.
Како што информираат од СВР Велес, на 26 март 2026 година околу 12 часот било пријавено дека вработен во ЈКП Дервен, при извршување на редовни работни задачи, наишол на сомнителен предмет за кој подоцна било утврдено дека станува збор за експлозивна направа.
По пријавата, веднаш бил извршен увид на местото на настанот, при што биле преземени сите неопходни мерки за безбедност. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување ја подигнал направата, која ќе биде предмет на понатамошна постапка и анализа.

















