Пожарот кој утрово беше пријавен во близина на Градскиот пазар во Велес, всушност избувнал на надворешна единица од клима уред поставена на последниот кат од зградата во овој дел од градот.
Поради локацијата на објектот, каде во приземјето се наоѓа продавницата за бела техника „Нептун“, првично се создаде впечаток дека огнот избувнал токму во продавницата.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Велес брзо интервенирале и за кратко време го изгаснале пожарот. Засега нема информации за повредени лица, а причините за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

















