По потерница од судот, приведен велешанец и спроведен во Затвор Скопје

ZATVOR

Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 25-годишен велешанец по кого била распишана потерница по наредба од Основниот кривичен суд Скопје.

Како што информираат од полицијата, на 13.03.2026 во 17:45 часот во Велес бил приведен Т.И.(25) од Велес, врз основа на издадена потерница за издржување мерка притвор. Потерницата била издадена по наредба од Основен кривичен суд Скопје.

Agria

По приведувањето, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, каде ќе ја издржува мерката притвор согласно судската наредба. Од СВР Велес информираат дека ваквите активности се спроведуваат континуирано со цел пронаоѓање лица по кои се трага по основ на судски наредби и потерници.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: