Приведен велешанец осомничен за тешки кражби и злоупотреба на платежна картичка

Policija Veles avtomobil

Вчера во 04:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Т.(33) од Велес.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека на две локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“ при што одзел разни предмети, меѓу кои и платежни картички, по што со една од картичките во продажно место извршил две трансакции.

Agria

Дел од одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: