Син и снаа нападнаа свекрва: Семеен инцидент во Велес

SVR Veles policija

Семеен инцидент во Велес кој завршил со две пријави во полиција, откако 64-годишна велешанка тврди дека била нападната од нејзиниот син и снаа во домот каде тие престојувале. Според нејзината изјава, инцидентот бил физички, а таа веднаш го пријавила случајот во СВР Велес.

Сепак, нејзиниот 38-годишен син подоцна поднел пријава против мајката. Тој тврди дека таа дошла во домот и, по вербална расправија, оштетила предмети и упатила закани кон него и неговата сопруга.

Agria

Јавниот обвинител е известен, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, истражувајќи ја целата ситуација и обвинувањата од двете страни.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: