„Разбој“ одбележа 20 години посветеност на културното наследство

Здружението на граѓани „Разбој“ – Велес вечерва го одбележа значајниот 20-годишен јубилеј, со настан посветен на досегашното дејствување, активностите и придонесот на здружението во зачувувањето и негувањето на културното наследство.

Zito baner

Во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес беше промовирана новата веб-страница на „Разбој“, а присутните имаа можност да го погледнат и краткометражниот документарен филм посветен на 20-годишното дејствување на здружението.

Agria

Филмот е авторско дело на Христијан Саздовски, кој потпишува како автор и режисер. Преку филмскиот медиум се прикажува дел од работата, активностите и иницијативите на „Разбој“, со фокус на неговата посветеност кон зачувувањето и негувањето на културното наследство.

На одбележувањето присуствуваа членови, соработници, пријатели и поддржувачи на здружението, како и граѓани заинтересирани за културното наследство и активностите на „Разбој“.

Во рамки на настанот, на соработниците и поддржувачите им беа доделени благодарници за нивниот придонес и досегашната соработка.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: