14-годишник од Велес возел мопед во спротивна насока, па побегнал од полицијата

14-годишен велешанец бил лишен од слобода откако со мопед се движел во спротивна насока, а потоа побегнал кога забележал полициска патрола.

Zito baner

Настанот се случил на 1 септември околу 10 часот на улицата „11 Октомври“ во Велес. Полицајците забележале мопед кој се движел спротивно од дозволената насока, по што возачот го паркирал и се дал во бегство.

Agria

По преземените мерки, полицијата утврдила дека мопедот го управувал 14-годишник од Велес. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на негов родител и претставник од Центарот за социјална работа Велес. Мопедот бил одземен.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: