Тригодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во велешкото село Бузалково. Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила околу 16:40 часот, кога мотоцикл „Априлија“ без регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од Бузалково, удрил во детето.
Детето се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес. Од СВР Велес информираат дека по преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека малолетникот го управувал мотоциклот без положен возачки испит.
Полициски службеници го лишиле од слобода 17-годишникот во 17:20 часот. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица. Мотоциклот бил одземен, а по целосното документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.





















