23 крвни единици собрани на крводарителска акција во велешката гимназија

Успешна крводарителска акција се одржа во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, каде учениците, наставниците и вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост и подготвеност да помогнат во спасувањето човечки животи.

Zito baner

На акцијата беа дарувани вкупно 23 крвни единици, со што учесниците дадоа свој придонес во обезбедувањето на неопходните резерви на крв.

Agria

Во реализацијата на акцијата учествуваа волонтери на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Велес, како и медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Со ваквите хумани активности, велешката гимназија продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста кај младите, потсетувајќи дека секоја дарувана крв може да спаси човечки живот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: