Хуманоста и солидарноста повторно беа на дело во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес.
На денешната крводарителска акција крв даруваа 27 лица, покажувајќи ја својата подготвеност да помогнат и да спасат човечки живот.
Акцијата ја реализираа Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, со поддршка од двајца волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Велес.





















