„Агриа“ од Велес ги извезе првите седум тони македонско свинско месо во Албанија

Велешката компанија „Агриа“ денеска ги извезе првите количини свинско месо во соседна Албанија, со што започна пласман на своето производство и на овој пазар.

Zito baner

Во првата испорака се извезени седум тони свинско месо. Директорот на „Агриа“, Томислав Колевски, вели дека станува збор за прв извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, но и за прв извоз на македонско свинско месо воопшто на странски пазар. Според него, затоа овој пласман има значење не само за компанијата, туку и за македонската економија.

Agria

„Агриа“ е најголем производител на свинско месо во Македонија, а во рамките на компанијата работи и фабрика за производство на добиточна храна. Компанијата располага и со фарма за производство на говедско месо, како и со производство на сувомесни производи.

Со денешната испорака, „Агриа“ го отвора албанскиот пазар за своето свинско месо и го реализира првиот ваков пласман од Македонија во странство.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: