30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Автомобил се заби во трактор, загина трактористот

policija-mk
policija-mk

Момче на возраст од 33 години загина синоќа во сообраќајна несреќа кај Кавадарци. Момчето управувало трактор на регионалниот пат Кавадарци – с. Росоман, кога околу 21:15 часот на него налетало возило марка „пежо“ и удрило во задниот дел од тракторот.

Zito akcija 640x289px

Од силниот удар, возачот на тракторот загинал на местото на несреќата, а патниците од автомобилот, возачот П.М (38) и неговата сопатничка Љ.С. (43) и двајцата од Кавадарци, се здобиле со телесни повреди.

Agria

Истрагата треба да покаже дали тракторот имал задни светла и дали тоа е можеби причината за несреќата. Голем број граѓани од овој, но и од другите земјоделски региони во земјава секое лето апелираат полицијата да воведе ред и да ги отстранува од сообраќај сите учесници кои се движат со неисправна сигнализација, бидејќи претставуваат огромна опасност за сите учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: