Во две одделни полициски контроли спроведени во Велес и на регионалниот пат кон село Извор, полицијата приведе двајца возачи кои управувале возила без воопшто да стекнат право на управување, а автомобилите им биле одземени.
Првиот случај е регистриран денеска (16 јули) во 08:25 часот на улицата „АСНОМ“ во Велес, каде полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.П. (61) од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, а со извршените проверки било утврдено дека возачот управувал без да има стекнато право на управување со моторно возило.
Еден ден претходно, на 15 јули во 11 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка на регионалниот пат Велес – село Извор го лишиле од слобода К.С. (39) од село Горно Оризари. Тој бил затекнат како управува „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, исто така без да има стекнато право на управување.
За двата случаи бил известен јавен обвинител, а возилата биле одземени. Од СВР Велес информираат дека по целосното документирање на настаните против двајцата ќе бидат поднесени соодветн






















