Во Чашка успешно се реализираше првата крводарителска акција во 2026 година, на која својата хуманост ја покажаа 19 крводарители. Меѓу нив имаше и еден дарител кој за првпат даруваше крв и на тој начин стана дел од, како што велат од Црвениот крст, најхуманото семејство во државата.
Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, со поддршка од ООУ „Тодор Јанев“ и Општина Чашка.
Од организаторите информираат дека одѕивот годинава е охрабрувачки, бидејќи бројот на крводарители е за еден поголем во споредба со истата акција реализирана лани. Со тоа, Чашка уште еднаш потврди дека хуманоста и солидарноста меѓу граѓаните се живи и силни.

















