Општинската организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Велес доби јубилејно признание за успешно исполнет план за крводарителство во 2024 година.
Ова признание претставува потврда за долгогодишната посветеност и хуманост на велешани, кои со својата несебичност придонесуваат за спасување човечки животи. Од организацијата истакнуваат дека овој успех е резултат на континуираната промоција на доброволното крводарување и тесната соработка со бројни институции и поединци.
Со ова признание, велешката организација уште еднаш ја потврди својата улога како двигател на хуманоста и општествената солидарност во заедницата.



















