Осумдесет години Црвениот крст е во постојана хумана мисија во Македонија помагајќи им на луѓето на кои помошта им е неопходна.
Големиот јубилеј ќе биде одбележан и во Велес со пригодна свеченост што ќе се одржи на 13 март, среда, во Големата сала на Општина Велес.
На манифестацијата ќе присуствува Претседателот на Црвен крст Проф. д-р. Ромел Велев, а ќе се доделат признание на Општините Велес, Градско и Чашка за успешната соработка во изминативе години.