Во просториите на Општинска организација на Црвен крст – Велес, вчера се одржа изборно-конститутивна седница на Собранието за мандатниот период 2026-2030, на која д-р Кевица Шопова Клифова доби доверба за втор претседателски мандат. Од присутните 17 членови едногласно ја избраа Шопова Клифова повторно да раководи со организацијата во наредните четири години. Втор мандат доби и потпретседателот Зоран Ѓорѓиев.
Покрај изборот на претседател и потпретседател, делегатите избраа и нови членови на Раководниот одбор и Финансиската комисија на организацијата.
На конститутивната седница присуствуваше и генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, д-р Саит Саити, заедно со претставници од Централната канцеларија на Црвениот крст.
























