
На 27.07.2024 во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Имено, по претходни оперативни сознанија преземени се мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Содржината продолжува под рекламата
Околу 21.00 часот во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица и кои во тој момент го напуштиле возилото.
Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со зелена тревкаста материја. М.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира:
- Стопанска комора бара помалку неработни денови
- Велешанката Бојанка Џипунова-Ташова меѓу најдобрите наставници во Македонија
- Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот
- Косовецот Арбенит Бекирај победник на HEO ORIZARI SURVIVAL 2026
- Башкими без победа во новата сезона, Стефановски си замина по ремито со Венец





















