Домашното производство на сончоглед сè уште далеку од потребите: „Кристал 1923“ со апел за посилна поддршка

Од вкупно 7.300 тони откупен сончоглед оваа сезона, околу 5.000 тони се домашно производство, додека остатокот е увезен род. Компанијата „Кристал 1923“ информира дека 80 проценти од откупот веќе се исплатени кон земјоделците, а преостанатите 20 проценти ќе бидат намирени до крајот на следниот месец.

И покрај тоа што компанијата покрива и дел од семенскиот материјал како стимулативна мерка, откупените количини се значително пониски од очекувањата на менаџерскиот тим. Наместо зголемено домашно производство, Македонија бележи раст на увозот на сурово сончогледово масло – во првите девет месеци се внесени 23.515 тони, додека минатата година увозот достигна 30.000 тони.

Agria

Извршниот директор Горан Лазов апелира Министерството за земјоделство да ја следи состојбата и да предложи механизми за стимулирање и заштита на домашните производители. Тој предупреди и на уште еден проблем – повисокиот ДДВ од 10 проценти на домашниот сончоглед, во споредба со 5 проценти на увезеното сурово масло, што според него е погрешна одлука на претходната влада и бара корекција од Министерството за финансии.

И покрај предизвиците, „Кристал 1923“ бележи позитивни резултати во извозот на маргарин – годинава пласманот на странски пазари достигна 715 тони, што е повеќе од двојно во однос на 2023 година, кога биле извезени 317 тони.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: