55-годишен велешанец бил повикан на службен разговор во полиција откако претходно било пријавено дека на профил на социјална мрежа објавил материјал со експлицитна содржина од 42-годишна велешанка. Според пријавата, материјалот бил избришан по кратко време.
Од СВР Велес информираат дека службениот разговор бил извршен на 9 октомври во 13:15 часот и дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во друг случај, 43-годишен велешанец пријавил дека неговите две малолетни деца биле вознемирени од две машки лица додека се движеле по улица во Велес. Според пријавата, лицата му побарале на едното дете телефонски број и го прашале дали користи социјални мрежи.
Настанот бил пријавен во СВР Велес на 9 октомври во 22 часот. Известен бил јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

























