Два случаи на семејно насилство во Велес во само неколку часа

semejno nasilstvo

Во текот на ноќта во Велес се регистрирани два одвоени случаи на семејно насилство, соопшти полицијата. Во првиот случај, на 25 август во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 43-годишниот И.М. од Велес, по претходна пријава дека во домот ѝ се заканувал на својата 41-годишна поранешна сопруга.

Zito baner

При проверките било утврдено дека И.М. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Agria

Само неколку часа подоцна, во 03:00 часот, во СВР Велес било пријавено дека Ф.К. физички ја нападнал својата 40-годишна невенчана сопруга во домот во Велес, каде што таа привремено престојувала. Според пријавеното, Ф.К. запалил и предмет во домот, кој бил изгаснат од пријателка на жената.

За настанот бил известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: