Двајца малолетници фатени со мопеди без право на управување во Велес

Двајца малолетници од Велес биле затекнати како управуваат мопеди без да ги исполнуваат законските услови за тоа, информираат од СВР Велес.

Zito baner

На 17 септември во 16:30 часот, на улицата „Орце Мартинов“ во Велес, полицијата сопре мопед „Априлиа“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 15-годишна малолетничка. По извршените проверки било утврдено дека таа управувала со мопедот пред да се стекне со право на управување.

Agria

Истото попладне, во 18:30 часот, на крстосницата на улиците „Вера Циривири“ и „Ѓорѓи Димитров“, бил сопрен 17-годишен малолетник кој управувал мопед без регистарски ознаки. Полициските проверки покажале дека тој го управувал мопедот без положен возачки испит.

Со двајцата малолетници бил извршен службен разговор во присуство на родител. По насоки на јавен обвинител, двата мопеда биле одземени.

Од СВР Велес информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: