Во текот на ноќта меѓу 30 и 31 јануари, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.
Првиот случај бил регистриран на 30.01.2026 година во 23:50 часот, кога на улицата „Алексо Демниевски“ во Велес било сопренo патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ј. (45) од Велес. По извршената контрола било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 1,52 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен и јавен обвинител.
Само 45 минути подоцна, на 31.01.2026 година во 00:35 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Велес, полициските службеници запреле патничко возило „форд“, исто така со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Ј. (54) од Велес. Кај него било измерено дури 1,90 промили алкохол во крвта, по што и тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Во двата случаи бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настаните против возачите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

















