Двајца велешани приведени додека траел концерт на Сузана Гавазова во Пештани

Двајца велешани на возраст од 42 и 36 години се меѓу шесте лица кои биле приведени по физичка пресметка што се случила синоќа за време на јавен настан во охридското село Пештани.

Zito baner

Според информациите од СВР Охрид, настанот се случил на 28 август околу 23:35 часот, за време на концертот на кој настапувала Сузана Гавазова. Покрај двајцата велешани, приведени биле и двајца жители на Пештани на возраст од 52 и 45 години, 21-годишник од Битола и 19-годишник од Прилеп.

Agria

Поради нарушувањето на јавниот ред и мир и меѓусебната физичка пресметка, интервенирала полицијата. Во текот на интервенцијата, просторот бил дополнително осветлуван со рачни електрични ламби за полицајците непречено да ја спроведат постапката.

Поради полициската интервенција, во тие моменти бил прекинат и концертот.

Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на настанот, против сите шест лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: