Двајца велешани биле приведени откако под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир во казино во Велес.
Како што информираат од СВР Велес, на 8 јуни околу 01:00 часот полициски службеници ги привеле Џ.А. (46) и Б.Ј. (24), двајцата од Велес, поради дрско и непристојно однесување во казино во градот.
По преземените мерки било утврдено дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Џ.А. биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта, додека кај Б.Ј. биле констатирани 1,47 промили.
Од полицијата соопштуваат дека лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.






















