Двајца велешани приведени поради пронајдена прашкаста материја, одземени и пари и телефон

pari-i-droga
Writing

Zito baner

Двајца жители на Велес, на возраст од 32 и 53 години, биле лишени од слобода во одделни случаи на 15 и 16 октомври, откако полицијата кај нив и во нивните домови пронашла материја за која постои сомнение дека е поврзана со недозволена трговија со дрога.

Agria

Според информациите од СВР Велес, на 15 октомври околу 23:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Т.А. (32) од Велес. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во вториот случај, на 16 октомври околу 14 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Т.М. (53), исто така од Велес. При претрес на неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба од Основниот суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон.

Двете лица биле приведени и задржани во полициска станица, а за случаите бил известен јавен обвинител.

Од СВР Велес информираат дека по целосно документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: