Двајца велешани приведени за возење мопед без возачка дозвола

Policija kaznuva motori

Двајца велешани на возраст од 20 и 68 години биле лишени од слобода вчера попладне во Велес, откако полицијата при сообраќајни контроли утврдила дека управувале мопеди без да ги исполнуваат законските услови за тоа.

Zito baner

На 4 септември во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Велес на улицата „Благој Ѓорев“ запреле мопед без регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Д.П. од Велес.

Agria

По извршените проверки било констатирано дека младиот велешанец управувал со мопедот без да поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител, Д.П. бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.

Само два часа подоцна, во 16:45 часот, на улицата „Којник“ во Велес бил запрен уште еден мопед. Со него управувал 68-годишниот Б.Ј. од Велес, а мопедот бил со велешки регистарски ознаки.

И во овој случај, полициските проверки покажале дека возачот го управувал мопедот без положен возачки испит.

По насоки од јавен обвинител, Б.Ј. бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.

Од СВР Велес информираат дека по целосното документирање на двата случаи против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: