Полициски службеници од СВР Велес, во ноќта меѓу 12 и 13 јануари 2026 година, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, ги лишија од слобода А.Д. (22) и А.С. (48), двајцата од Велес, поради сомнение за кражба во дом.
Според информациите од полицијата, А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес, од каде одзел пари и златен накит. Потоа, украдените златни предмети ги заложил кај А.С.
Дел од одземените предмети се пронајдени кај А.С., одземени се од полицијата и вратени на сопственичката. А.С. е задржан во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против двајцата осомничени ќе бидат поднесени соодветни пријави.





































