Двајца велешани уапсени за серија кражби, дел од украденото вратено на сопствениците

Kradec na tasna

Полицијата во Велес приведе двајца жители на градот, на возраст од 23 и 47 години, под сомнение дека извршиле повеќе кражби и тешки кражби на неколку локации во Велес.

Како што информираат од СВР Велес, приведувањето било извршено во вторникот околу 13:50 часот, при што осомничените се товарат за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. Според полициските информации, дел од украдените предмети се пронајдени и веќе им се вратени на сопствениците.

Agria

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а полицијата продолжува со преземање дополнителни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настаните.

По завршување на постапката, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: