Во текот на вчерашниот ден, во СВР Велес се пријавени два одделни случаи на исчезнати малолетни лица.
Во првиот случај, во 17:30 часот, А.Е. (46) од Велес пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.Е. (14). Според пријавата, постои сомневање дека девојчето е во друштво со лицето С.У., по што се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.
Во вториот случај, во 08:00 часот истиот ден, Р.Ј. (39), со привремен престој во село Стари Град, општина Чашка, пријавил исчезнување на неговата ќерка А.Ј. (13). Пријавителот изразил сомневање дека девојчето е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени.
СВР Велес информира дека се преземаат интензивни активности за пронаоѓање на двете девојчиња и утврдување на околностите под кои се оддалечиле од домовите.