Компанијата Маркарт и во 2025 година останува лидер по остварена добивка меѓу велешките компании, покажуваат анализите објавени од Фактор. Германскиот инвеститор, кој во Долно Караслари произведува електронски и мехатронски компоненти за автомобилски брендови како Mercedes-Benz, BMW и Audi, лани остварил заработка од 4,5 милиони евра.
На второто место на листата се најде Уни Агро, кланица и производител на сточна храна во сопственост на Дарко и Ненад Стојанов. Меѓу најуспешните компании повторно доминираат фирми од месната и агро-индустријата. Во Топ-10 се најдоа и Овчеполка и Агриа, двете во сопственост на Перо Колевски, како и Малина на Румен Смилевски.

Меѓу најдобрите годинава се проби и Чочков Траде, компанија што се занимава со трговија на месо и месни производи, во сопственост на Кирил и Јорданка Чочкови.
Во друштвото на најуспешните велешки компании е и Прва Книга на семејството Андовски, додека градежниот сектор во листата го претставува ЦРАС Дооел на Љупчо Неделков.
На петтата позиција е Хемомак Пестициди, една од водечките компании во трговијата со заштитни средства за земјоделството, а веднаш зад неа се најде Брако на Кочо Анѓушев, позната по производството на индустриски метларки на водороден погон.
Извор: Фактор.мк

























