![](https://batali.mk/wp-content/uploads/284379229_5029459733770475_5964559891302246306_n.jpg)
Големо невреме ја зафати Општина Лозово проследено со град. Градоначалникот Бошко Цветковски преку социјалните мрежи алармира дека сѐ е уништено.
„Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат жителите на Лозово. 100% уништено… Уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници… сѐ“, напиша Цветковски на Фејсбук.
Содржината продолжува под рекламата
И пред три дена Лозово беше погодено од невреме а најтешко беше во село Сарамзалино каде дрвја паднаа на кровот од семејна куќа, поради испреплетени жици на електромрежата делови од неколку села во Општина Лозово: Милино, Сарамзалино, Азиматово и Дурфулија еден или неколку часа беа без струја.
![](https://batali.mk/wp-content/uploads/281645295_5029529430430172_4746965171851932145_n.jpg)
![](https://batali.mk/wp-content/uploads/281411899_5029459743770474_7825012814683530693_n.jpg)
Можеби ќе ве интересира: