(ФОТО) Вандали го демолираа градскиот парк во Велес

Викендов, градскиот парк во Велес беше цел на вандалски чин, при што е оштетен дел од урбаната опрема наменета за одмор на граѓаните. Непознати сторители целосно искршиле неколку клупи, при што се забележливи сериозни оштетувања на дрвените седишта и металната конструкција.

Дел од клупите се откорнати од подлогата, а останале само носачите забодени во земја. Ваквата глетка ги затекна утрово посетителите на паркот, кои со револт реагираа на уништувањето на јавниот простор. Граѓаните велат дека станува збор за недозволиво однесување кое се повторува и бара итна реакција од надлежните. Според нив, паркот е едно од ретките места за прошетка и одмор, особено за семејства со деца и повозрасни лица.

Agria

Од Општина Велес се очекува да го санира оштетениот инвентар, но и да преземе мерки за спречување на вакви појави во иднина. Граѓаните апелираат за формирање на комуналната полиција и поставување видеонадзор. Вандализмот, велат тие, не е само материјална штета, туку и удар врз заедничкиот јавен простор. Надлежните се повикуваат да ги пронајдат сторителите и соодветно да ги санкционираат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: