Градско со 100% активна транспарентност, Велес на 26. место

Општина Градско е на првото место во најновото рангирање на Индексот на активна транспарентност 2026, со максимални 100 отсто активна транспарентност, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Zito baner

Општина Велес се наоѓа на 26. место на националната ранг-листа, со 92,3 отсто активна транспарентност, со што е сместена во највисоката категорија – „многу добра активна транспарентност“. Во истата категорија е и Општина Чашка, која има 81,5 отсто активна транспарентност.

Agria

Од општините во Вардарскиот регион, најнизок резултат има Општина Лозово. Со 36,9 отсто активна транспарентност, Лозово се наоѓа во категоријата „слаба активна транспарентност“ и е при дното на националното рангирање.

Opstina Veles zgrada

Под „активна транспарентност“ се подразбира објавување информации од страна на институциите на сопствена иницијатива, без претходно да биде доставено барање за пристап до информации од јавен карактер.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации се спроведува врз основа на однапред утврдена методологија и структурирани прашалници, со кои се следи исполнувањето на обврските на институциите за активно објавување информации на нивните интернет-страници.

Резултатите покажуваат значителни разлики во степенот на објавување информации меѓу општините, особено во делот на достапноста на информациите за работата на локалната самоуправа, јавните финансии и другите податоци што треба да им бидат достапни на граѓаните без тие дополнително да ги побаруваат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: