
Од 30 пожари вчера, денеска активни се уште 9, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Под контрола се 6, а 15 се целосно изгаснати.
Содржината продолжува под рекламата
Согласно проценетите ризици и опасности, приоритет за гаснење денеска се пожарите во Општина Чашка, каде што ќе бидат ангажирани хеликоптери на МВР и АРМ, во Општина Македонски Брод, каде што ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ, во Општина Кавадарци, каде што ќе се вклучат два Ер Трактори на ДЗС и во Општина Градско, каде што ќе бидат ангажирани 30 припадници на специјалната единица Тигар.
Содржината продолжува под рекламата
Останати активни пожари на отворено се во Општина Чашка, во селата Јаболчиште, Дреново врв Лисец, во Општина Долнени, село Небрегово, во Општина Пробиштип, место викано Балабаница, село Зелен Град, во Општина Македонски Брод, село Брзеница (ново жариште), како и во Општина Чашка, место викано Мукус, префрлен од Прилеп.
Можеби ќе ве интересира:
- (ВИДЕО) СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата
- Осум дена притвор за лицето кое го скрши прозорецот на бугарската амбасада во Скопје
- Почна лидерската средба
- Ноќна сообраќајна контрола во Велес, возач имал 1,80 промили алкохол во крвта
- Велешанецот Филип Николов потпиша за Алкалоид, четвртиот најдобар стрелец во лигата доаѓа кај Кирил Лазаров




































