Нема ден во билтенот на СВР Велес да нема случај на возач кој седнал зад волан или управувач пред да се стекне со право на управување. Така е и во последниот билтен, во кој повторно е евидентиран ваков случај.
Овојпат, 48-годишен велешанец бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува мотоцикл без воопшто да поседува право на управување.
Случајот се случил синоќа во 21:30 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Велес. Полициски службеници при сообраќајна контрола го сопреле мотоциклот „Априлија“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.М.(48).
При проверката било утврдено дека тој го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување.
Б.М. бил лишен од слобода, а мотоциклот бил одземен. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.






















