Интервју со Даниел Наумовски, менаџер на фарма во Агриа: Држиме чекор со најсовремените фарми во Европа

Работите во Агриа веќе две децении и сведок сте на бројните трансформации во компанијата. Како се промени фармата во Таринци од времето кога започнавте до денес?

Zito akcija 640x289px

Наумовски: Кога започнавме со работа во фармата во село Таринци во 2014 година, во неа немаше животни, а самата фарма беше во многу запуштена состојба, практично немаше услови да се започне со одгледување животни. Примарно ни беше да ги решиме основните инфраструктурни потреби за да работи, да се исчистат лагуните за отпадните води и да се обезбеди квалитетно и сигурно водоснабдување и електрична енергија. Во истиот период се ангажираа кадри од сите потребни профили за да се започне со работа. Постепено, секоја од халите се чистеше , а постоечките инсталации и опрема се поправаа за да се стават во функција. Во следните 2 години практично беа ставени во функција сите хали кои се наменети за тов на свињи. Сега слободно може да кажеме дека халите не се ни налик на состојбата од пред 10 години – сите се опремени со нови современи хранилки и автоматски линии за исхрана на животните, амбиентот во внатрешноста е одличен, благодарение на современ систем за вентилација, контрола на температура, нови линии за поење со вода за животните , соодветно осветлување и други неопходни работи потребни за квалитетно одгледување животни.

Agria

Како менаџер на фарма со најголем капацитет за комерцијален тов, кои се најважните аспекти на дневното управување што бараат најмногу внимание и организација?

НаумовскиМногу е важно да имате одговорни и посветени вработени од сите потребни профили, почнувајки од работниците, ветеринарната служба, раководителите и службата за одржување. Нивната меѓусебна комуникација и соработка е од витално значење, затоа што имате работа со животни и евентуалните промени или проблеми се случуваат многу брзо и бараат навремена и соодветна реакција. Воедно, потребно е сите активности во фармата да бидат соодветно и навремено испланирани, да имате редовно снабдување со квалитетна храна за животните и да бидат исполнети сите останати услови за нивно одгледување.

Како дипломиран електроинженер и носител на сертификат за енергетска ефикасност од Нирнберг, на кој начин го применувате своето знаења во подобрување на енергетската ефикасност на фармата?

Наумовски: Една свињарска фарма за комерцијален тов сама по себе не е голем енергетски потрошувач , но ние се трудиме и тоа што го трошиме да го сведеме на минимум. За таа цел инсталиравме сончеви колектори за обезбедување топла вода онаму каде што е потребно, а и големиот број вентилатори по халите се такви да немаме загуби ниту во реактивна енергија.  Крововите на дел од објектите ги заменивме со најквалитетен термо панел кој сам по себе има исклучително добра термо и звучна изолација. На сите објекти ги заменивме старите дрвени прозорци и врати со квалитетни ПВЦ прозорци и врати, а дел од нив се изработени и од алуминиум. Надворешните ѕидови се изолирани и доѕидани со термо блокови. Целото осветлување е заменето со ЛЕД технологија, а во функија го ставивме и агрегатот што ни обезбедува сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: