Изложба на црногорскиот уметник Алдемар Ибрахимовиќ во Велес

Во Ликовниот салон во Велес вчера беше свечено отворена изложбата на академскиот сликар Алдемар Ибрахимовиќ од Црна Гора, кој на велешката публика ѝпонуди уникатно визуелно доживување преку дела што го спојуваат реалното и апстрактното во колоритни и енергични композиции.

Ибрахимовиќ е автор со препознатлив творечки израз што се движи помеѓу современите и класичните ликовни вредности.  Публиката што присуствуваше на отворањето имаше можност да ужива во ова визуелно патување, препознавајќи во неговите слики ехо на современиот човек, неговите мисли, чувства и односот кон светот околу него.

Agria

Изложбата претставува значаен културен настан за градот Велес, нудејќи ретка можност за запознавање со уметничкото творештво на еден од најистакнатите претставници на современата црногорска уметност. Поставката ќе биде отворена за посетители до 10 октомври.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: