Јанев во Велес на средба со полициските раководители: Најавени реформи, дигитализација и нови интервентни тимови

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Велес одржа работна средба со раководни полициски структури од повеќе сектори за внатрешни работи и регионални центри за гранични работи, на која се разговарало за реформите во полицијата, подобрувањето на условите за работа и зголемувањето на ефикасноста во справувањето со безбедносните предизвици.

Zito baner

На средбата, на која Јанев присуствувал со дел од својот тим, учествувале раководители и командири од СВР Струмица, Велес, Штип, Куманово и Скопје, како и од Регионалните центри за гранични работи Север и Исток.

Agria

Според информациите објавени од Министерството за внатрешни работи, Јанев ја претставил визијата за краткорочен, среднорочен и долгорочен развој на полицијата, со акцент на дигитализацијата, воведувањето нови оперативни алатки, реорганизацијата и инвестициите во полициските капацитети.

Меѓу најавените активности е и воспоставувањето нови интервентни тимови во регионалните сектори, со цел унапредување на оперативната подготвеност и ефикасноста на полицијата.

На средбата била истакната и важноста на човечките ресурси, современата технологија и подобрата координација меѓу полициските единици. Јанев нагласил дека реформите и инвестициите треба да обезбедат подобри услови за работа на полициските службеници, но и поквалитетни услуги за граѓаните.

Целта на планираните активности, како што наведуваат од МВР, е создавање модерна, професионална, транспарентна и одговорна полиција, која ќе ја зајакне довербата кај граѓаните и ќе придонесе за повисоко ниво на безбедност.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: